Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Делегација од  Советот и општина Новаци на посета на збратимената хрвaтска општина Дуги Рат

Делегација на Советот и општина Новаци присуствува на прославата на Св.Јосип, свечената седница и денот на збратимената општина Дуги Рат, Хрватска, која годинава прославува 25 години постоење.

„ Пред два месеци поточно кон крајот на јануари имавме посета од градоначалникот и Советот на општина Дуги Рат. Сега на нивна покана претставници од советот и општина Новаци бевме присутни на свечената седница по повод 25 години постоење на оваа наша збратимена општина. Со оваа општина многу често имаме контакти и тие контакти и понатаму ќе продолжат .Презадоволни сме од нивното гостопримство и се надевам дека во иднина оваа соработка ќе се продлабочува. “ рече Љубе Кузманоски, градоначаник на општина Новаци.

Првите луѓе на двете општини изразија надеж дека нивната соработка во иднина ќе се конкретизира и преку реализација на заеднички проекти.

„ Многу ние мило што имаме гости од нашата побратимена општина на овој свечен чин, драго ние што сме збратимени со нашите пријатели од општина Новаци, Република Македонија и ова за нас претставува голема чест. Ова е нивна трета посета кај нас а ние сме биле во неколку наврати, пследниот пат беше за големиот христијански празник Водици. “ рече Јерко Роглич“ градоначалник на општина Дуги Рат, Хрватска.

Делегацијата присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Дуги Рат со која беа означени 25 години од основањето и успешно работење а беше положено и свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во Војната за татковината пред светитот крст на црквата Св.Јосип. Исто така домаќините организираа туристички разглед на Сплит и Омиш.

 

Back to top
Skip to content