Бесплатни превентивни прегледи од ОО на Црвен крст Битола во пензионерскиот клуб во Новаци
Општинската организација на Црвениот крст Битола ја обновија соработката со општина Новаци. Прва активност е денешното предавање на тема кардиологија и превентивните прегледи и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
„Екипа на ОО на Црвениот крст Битола им мереше шеќер во крвта и крвен притисок на пензионерите кои се жителите на Новаци. Исто така им беше одржано и едукативно предавање на тема кардиологија како и корисни совети по болестите поврзани со оваа темаОва е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно.“ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.
Акцијата наиде на голем интерес а се организираше во просторијата на пензионерскиот клуб во Новаци.
Општина Новаци неколку пати беше дел од акција „ Здравје за сите “ на Министерството за здравство на РМ.