Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци по четврти пат со проект од Општинско корисна работа

 

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска го најави отпочнувањето на проектот „ Општинско корисна работа – Учиме заедно“.

Проектoт „Учиме заедно“ е четврт проект на општина Новаци од програмата Општинско-корисна работа  во кој се ангажираат 4 невработени лица.

 

„ Имаме одлична соработка со УНДП а потврда за тоа е четвртиот проект од нивната програма за општинско корисна работа која ни го доделувате а денес го започнуваме. Се надевам дека “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

„ Со овој проект ќе имаме 4 нови привремени вработувања и  тоа:

– 1 дефектолог -кој ќе работи со децата на предшколска возраст од ЦРДР „Бамби“ а кои имаат потешкоотии во изговарање на оддредени гласови

– 1 одразовен асистен -кој ќе работи со ученик со посебни потреби во насока на пружање на помош во совладување на наставниот матерјал,пишување на домашни задачи и постигнување на целите во ИОП(индивидуален образовен програм)

– 2 наставнички кои во селата Добромири и  Агларци ќе работат со ученици кои имаат потешкотии во совладување на матерјалот со цел да постигнат подобри резултати во учењето“ вели Николина Лозановска, општински координатор на проектот.

 

Проектот трае 8 месеци за образовниот асистент и наставничките, а 6 месеци за дефектологот со хонорар од 6200 ,00 ден со вклучен персонален данок и осигурување при повреда на работа.

 

„ Ова за нас е можност за да ги покажеме нашите вештини и знаења за доброто на децата со цел да стигнеме до крајната цел подобар успех кај децата а се разбира и да ја оправдаме довербата која ни ја дава општина Новаци за нашето ангажирање.  “ вели Александра Максимовска, наставник.

 

Општина Новаци по четврти пат работи проект од програмата за општинско корисна работа: првиот пат за неформално образование на жените албанки а следните два пати со деца од претшколска возраст при Центри за ран детски развој.

 

 

Back to top
Skip to content