Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна расправа за интегриран систем за управување со цврст отпад во Пелагонискиот регион

Денес во Општинската Сала на Општина Новаци се одржа Јавна расправа организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Секторот за животна средина.

На јавната расправа беше претставена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за Пелагонискиот регион која беше подготвена во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/SER/MK“, проследена со претставување на студија на изводливост од страна на клучните експерти и дискусија со сите засегнати страни

Проектот е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ИПА, доделен од Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии и спроведен од страна на ENVIROPLAN S.A. и неговите конзорциумски партнери, LOUIS BERGER – BiPRO GmbH – EPEM S.A. – SLR Consulting Limited.

Целта на Проектот е да се постигне Интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално годишно произведуваат 330.000 тони отпад.

Целта на јавната расправа  е да се развие конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните имаа можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.

Вакви расправи се одржаа и во Новаци, Битола, Прилеп и Ресен.

Back to top
Skip to content