Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Седумдневен летен детски камп во рамките на Културно лето Новаци 2017

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска ги прими десеттината дечиња учесници во Летниот детски камп кој се одржува изминатите седум дена во просториите на Културно иновативниот клуб во рамките на Културно лето Новаци.

„ Во рамките на летниот детски камп присутните дечиња ги учевме да играат салса и други латинско амерички танци. Престојот им е доста интересен и динамичен, меѓусебнос е дружат и забавуваат. “ велат организаторите.

Културно лето Новаци 2017 година се одржува во две фази од кои првата во јули а втората во месец август.

За утре е најавена велосипедска тура: Новаци-Добромири-Агларци-Новаци, едукативна работилница „Битола на точак“ и изложба на стари велосипеди и велосипеди на мотор, авто етно музеј Крклино.

Back to top
Skip to content