Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започнува Културно лето „Новаци 2017“

Во сабота 08 јули со театарската комична претстава „ Женско царство“ на театарот Колозови во дворот на општина Новаци ќе  започне манифестацијата „Културно лето Новаци 2017 “. Ова манифестација се одржува петта година по ред и е поддржана од општина Новаци.

„Општина Новаци секогаш ги поддржува културните настани а како и секоја така и оваа година културното лето го финансираме и од буџетот на општина Новаци. Ваквите настани наидуваат на голем интерес кај локалното население и затоа ќе продолжиме да ги организираме. Општина Новаци доделува еднократна парична помош за купување велосипеди со цел да го намалиме користењето а автомобили ,да ја заштитиме животната околина и намалиме загадувањето. Затоа годинава предвидовме и едукативен настан а тоа е велосипедска тура во која ќе бидат вклучени покрај сите заинтересирани и оние кои се субвенционирани со оваа намена. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Културно лето Новаци 2017 ќе трае два месеци и предвидени се вкупно 13 настани кои се наменети за сите возрасни целни групи.

„По свечното отварање со театарската претстава, културното лето го продолжуваме со настан наменет за детската публика  „Летен детски камп“ кој ќе биде организиран на повеќе локации во општина Новаци. Предвидени се многу активности, игри, спортови и многу забава односно следуват театарски претстави,етно свадба, промоција на книга, работилница за работа со глина, модна ревија, коцерти на групи од Полска и Чешка, изложба на стари велосипеди , велосипедска тура , музичко театарски перформанс од драмата „Чест“ на Васил Иљоски, документарен филм и сл. “ рече Елизабета Јончиќ, претседател на КИК Новаци.

Настаните во Културно лето Новаци 2017 година се избрани од оние кои конкурираа на јавниот оглас кој беше објавен на почетокот на годината.

Културно лето Новаци 2017 година ќе започне во јули а ќе заврши на 24 август. Настаните ќе се одржуваат во две етапи а предвидени се вкупно 13 перформанси од различни учесници.

Back to top
Skip to content