Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршна конференција за проектот на општините Новаци и грчката Алмопиа – „Жива историја-жива природа 2“

Општина Новаци беше домаќин на завршната конференција на проектот „Жива историја-жива природа 2“ кој имаше за цел да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област. На средбата помеѓу градоначалникот Лазар Котевски и градоначалникот на општина Алмопиа од соседна Грција беше направена рекапитулација на реализираните активности во рамките на проектот.

На средбаta помеѓу градоначалникот Лазар Котевски и градоначалникот на општина Алмопиа од соседна Грција беа најавени и идните заеднички активности кои ќе се планирани да се спроведуваат во двете општини.

Tуристички патеки за велосипедизам, планинарење и крстосување со теренски возила, мобилна апликација за убавините на Мариово и на Новаци, се дел од резултатите од проектот „Жива историја – жива природа 2“ помеѓу општините Новаци и Алмопија. Проектот, чини 296.000 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.Сега има нов проект. Алмопија,  да ги поврзат топлите бањи во Лутраки со скијачкиот центар на Кајмакчалан, а Новаци  преку уредувањето на просторот од другата страна на планината да го потикне развојот на алтернативниот туризам.

– Завршување на проектот за црквата Св Димитрија во с.Градешница, поставување на патеки, и треба да се доуреди партерно река Коњарка и секако продолжуваме со други проекти.Ќе се прави уредување на теренот на Кајмакчалан . Општина Алмопија има договорено за скијачки центри , се за развој на алтернативниот туризам, изјави Лазар Котевсјки градоначалник на општина Новаци .
Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област.

– Новиот проект за кој што аплициравме се жешките води на Лутраки кои сакаат да ги поврзат со скијачкиот центар Кајмакчалан, за да посетителот кој ќе дојде да може да ги поврзе термалните води со снегот. Тоа  ќе биде проект кој ќе даде сила за развој на двата парка, едниот е бањата со термалниот туризам, а другиот е скијачкиот центар на Кајмакчалан, за да можат туристите да ги видат двата типови на туризам, изјави градоначалникот на општина Алмопија, Димитрос Бинос.
Во изминатите 7 години ЕУ има финансирано 57 вакви прокти изјави  Јаромир Левичек
-Општините Новаци и Алмопија реновираа добра од културно- историски наследство изградија повеќе патеки, објекти од духовен карактер и сл. Сметам дека ја зголемија понудата што позитивно ќе се одрази на нивниот локален економски развој“, изјави Јарослав Левичек раководител на сектор на ЕУ за вакви проекти.

Проектот „Жива историја жива природа 2“ е само доказ како историјата и природата може да поврзуваат и како може одлично да се соработува.

Инаку во првата фаза од проектот „Жива историја жива природа 1“ беше направена  санација на мостот во Зовиќ, црквата „Св. Димитрија“ во Градешница, како и куќата на Калеш Анѓа во Старавина. Исто така, беа обележани патека на природните убавини, историското наследство и комбинација од двете, направена беше уметничка програма, дигитална изложба, изработени беа две дата бази на податоци, поставени клупи и знаци.

Проектот „Жива историја – жива природа 2“ беше финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

 

Back to top
Skip to content