Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци испрати помош за настраданите подрачја во Скопско

DSC_9415

На денешната вонредна седница на Советот на општина Новаци се расправаше за испраќање помош на поплавените подрачја во Скопскиот регион кои беа зафатени од невиденото невреме викендов.

Беше одлучено да се испрати помош во вода и средства за хигиена во вредност од 200 000 денари.

„По серијата разговори со моите колеги од погодените подрачја од поплавите и невремето во скопскиот регион, она што им е најпотребно на загрозените жители е вода и средства за хигиена. Токму затоа денеска свикавме вонредна седница на Советот на општина Новаци на која се договоривме да донираме во износ од 200 000 денари. Постои голема солидарност и кај жителите на општина Новаци кои донираат вода, храна и средства за хигиена кои исто така ќе бидат испратени затоа што знаеме како е во вакви услови и колку нам ни значеа донациите и помошта која ни беше дадена минатата година кога ние бевме погодени од поплава. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во моментот е веќе отвроен пунк за донации во Новаци каде сите хумани граѓани можат да донираат и да ја покажат на дело својата хуманост и солидарност.

Back to top
Skip to content