Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Фолклорна Балканијада во Општина Новаци

13599828_1237969082893654_7328829708208492071_n

Со богата културно-уметничка програма во која беше претставен фолклор од Србија,Бугарија,Црна Гора и Македонија започна Културното лето Новаци 2016.

Синоќешниот концерт наречен Фолклорна Балканијада го организира Ансамблот за фолклор Гоце Делчев од Битола и КУД Новаци  во рамките на манифестацијата „Гоцеви денови“ .

На концертот учествуваа КУД “Љубомир Иванович- Геџа” – Ковачевац , Република Србија,КУД “Захумље” – Никшиќ, Црна Гора,Ансамбл кон народна заедница центар” Димитар Благоев 1925″ – град Добриниште, Република Бугарија (пејачка група “Добринишки бисери” и Фолклорна група “Добриништенче”) КУД “Новаци” од Новаци и АФ “Гоце Делчев”од Битола.


Присутните имаа можност да проследат сплетови од изворни песни и ора својствени на местата од каде доаѓаат гостите,а домаќините се претставија со прекрасните „Беломорски бранувања“,сплетовите „Пирин“ и „Егеј“ и други македонски ора.

13608150_1045753532156369_394485588_n
На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Новаци господинот Лазар Котевски кој, отворајќи ја манифестацијата нагласи дека во реализација на програмата на ова културно лето предвидено е распределување на културните содржини на повеќе локалитети во Општина Новаци, и веќе по втор пат во малку по оддалечени села од центарот на општината, Гермијан ,Агларци,Градешница, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се создаде можност граѓаните на Општина Новаци во што поголем број да се доближат до културните вредности.

Културното лето Новаци 2016 е под покровителство на Министерство за култура на РМ и општина Новаци.

Back to top
Skip to content