„Разумно користење на електричната енергија“ во ЦОУ,,Славко Лумбарковски ” Новаци
Во централното основно општинско училиште ,,Славко Лумбарковски” Новацу се одржа отворен ден од проектот „Разумно користење на електричната енергија“ со цел подигање на свеста кај учениците за разумно користење на електричната енергија.
„Во нашето училиште се реализира отворен ден, активност која е во рамки на проектот „Разумно користење на електричната енергија“, проект на ЕВН кој нашето училиште го реализира. Во текот на учебната година, учениците имале 13 работилници на кои биле презентирани нови обновливи извори на енергија а ова е еден вид на завршна манифестација, резултат на сите активности кои биле реализирани изминатиов период , изјави градоначалнукот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Учениците работеа на мерење на амбиентална температура во континуитет во текот на целата учебна година, ја мереа внатрешната, надворешната температура, тоа се истражувачки активности, акумулација, откривање на потрочувачката на електричната енергија итн., вели Васко Ристовски, директор на централното oсновно општинско училиште ,,Славко Лумбарковски” Новаци.
Претходно беа распишани литературен и ликовен конкурс на ниво на општина Сите активности се во насока на подигање на свеста кај учениците за разумно користење на електричната енергија.
Оваа манифестација е по повод Денот на планетата Земја, 22 април, кој има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од штедење на електрична енергија.