Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци прослави 20 години постоење

 

DSC_9135

Општина Новаци денеска прослави 20 години успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со свечена приредба  со која беше одбележан патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и 59 години постоење на ова училиште. Во весела атмосфера учениците имаа подготвено навистина многубројни интересни точки а денес организираа отворен ден на кој имаа направено неколку работилници. Отворен ден беше организиран и во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 20 години постоење.Чествувањата започнаа со прослава на патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци а продолжуваат со отворен ден и спортски активности во училиштето. Потоа се положи цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а загина во конфликтот во 2001 година. Исто така имаме и свечена седница на Совет , доделување на благодарници за оние кои донираа за време на поплавите а потоа и свечен коктел за сите наши гости. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми,Котевски посебен акцент стави на развојот на општината и многубројните проекти реализирани во изминатите години  но и оние кои се планирани за следниот период.

DSC_9092

„ Во овие 11 години од кога јас сум на чело на општина новаци асфалтиравме локални улици во сите населени места во должина од 35 км, локални патишта во должина од  30 км и регионалниот пат новаци – клепач  во должина од 19 км.   Комплетно ја реновираме и ја надградивме општинската зграда, партерно го уредивме дворот, поставивме споменик на дедо Кољо војводата Добровенски,     нова ограда  и изградивме фонтана.Изградивме нова спротска сала, 1 повеќенаменско игралиште и 5 ракометни игралишта,изградивме ново училиште во село Далбеговци, адаптација на старото училиште во село Рапеш, реновирани се сите 7- те подрачни училишта и централното Славко Лумбарковски во Новаци. Направивме чистење на крупна вегетација на коритото на река Црна во должина од 30 км,затворени се 16 пропусти и спроведено е чистење на коритото на река Елешка. Започнавме со реализација на три големи капитални проекти: префрлањето на хидросистемот Стрежево преку река Црна, изградба на детска градинка  и спроведување на паарното греење од РЕК. “,  вели градоначалникот Котевски.

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

DSC_9113

Делегација од општина Новаци положи свежо цвеќе и пред бистата на Славко Лумбарковски во дворот на училиштето кое го носи името на овој херој. Организирано беше полагање цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, бранител кој го даде својот живот во конфликтот во 2001 година .

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за своите гости подготви свечен прием и пригоден коктел во општинската сала.

 

Back to top
Skip to content