Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 48-мата седница

TNT_3885

За две недели две седници на Советот на општина Новаци. Денеска пред советниците се најдоа десеттина точки на дневен ред. Стандардно и денес се започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа се изгласа Извештајот – преглед за реализација на програмаа за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Новаци за 2015 година и програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Новаци за тековната 2016 година.

Советниците разгледаа и усвоија две предлог одлуки и тоа за донесување на урбанистичка документација за промена на траса на сообраќајна инфраструктура и за спроведување на стратегиска оценка.

Советот на општина Новаци донесе одлука за учество на локалната самоправа  со апликација за Проект ,„Паметна мрежа за соларно улично осветлување“ во рамките на првиот повик во транснационалната програма Балкан-Медитеран 2014-2020. Како партнери во актуелниот проект се јавуваат општините Крф и а Патра од Грција, општина Саранда од Албанија и општина Енгоми од Кипар.

Советот на општина Новаци го усвои барањето од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци за формирање на две паралелки ( чиста паралелка од I  до IX одделение и комбинирана паралелка од I до V одделение ) за учебната 2015/2016 година.

Исто така беше разгледано барањето  од Митковски Љупчо с.Рапеш за еднократна парична помош за лекување на неговата ќерка.

 

Back to top
Skip to content