Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

КИК Новаци со театарска претстава во Хрватска

DSC_7979

Културно иновативниот клуб Новаци учествуваше на 22-рото издание на Фестивалот кој го негува аматерскиот театар на покана на хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола.

Годинешниот фестивал се одржуваше под мотото „ Културата е поле кое ги поврзува сите народи“.
Младите членови на КИК Новаци се претставија со претстава на хрватски јазик за што добија одлични критики од присутните.
Патувањето на десеттината членови на КИК Новаци беше поддржано од Општина Новаци
Фестивалот го организираше Хрватската читална Херцеговац со Хрватска матица на иселениците а под покровителство на Министерството за култура на Република Хрватска, Бјеловарската жупанија и општина Херцеговац.
На Фестивалот учество зедоа пет драмски групи : Витез од Босна и Херцеговина, домачините од Херцеговац, Суботица, Хвар и КИК Новаци.
Back to top
Skip to content