Акција за чистење на одводен канал во Новаци
Во рамките на проектот „Стоп за поплавите“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива, а е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, денес се реализира акција за чистење на одводен канал во Новаци.
Ова беше заедничка акција на Локалната самоуправа Новаци, месното наеселение и јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“. Акцијата ја посетија и професори и ученици од ЦОУ Славко Лумбарковски – Новаци и градоначалникот Лазар Котевски.
Претходно во рамките на проектот беа организирани две предавања за климатски промени и последиците од поплавите во општина Новаци.