Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Втор координативен состанок за проектот „Lhi Lna II“

DSC_6794

Денеска во општина Новаци се одржа вториот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“ со грчките партнери од општина Алмопиа.

„ На состанокот разговаравме за тековните активности, досегашното имплементирање на проектот кај двата партнери Новаци и Алмопиа, проблемите и предизвиците со кои се соочуваме при реализацијата а секако посебен осврт беше ставено на активностите кои треба да се имплементираат до крајот односно заедничките активности како што се школата за фотографија,конкурсот за најубави фотрографии, џип турата, турата со велосипеди и планинарењето низ Скочивирскиот дел од наша страна. Исто така зборувавме и за школата за архитектура, средбата на блогери и новинари која треба да се одржи во Алмопиа,Грција“ . рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

DSC_6780

Проектот „Жива историја, жива природа 2“ е втор проект кој општините Новаци и Алмопиа го имплементираа од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грицја 2007 – 2013 .

DSC_6776

На денешната средба стана збор и за понатамошното продолжување на меѓусебната соработка помеѓу двете погранични општини и заедничко аплицирање на првиот повик од Програмата за прекугранична соработка Македонија- Грција 2014 – 2020 година.

Back to top
Skip to content