Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна посета во Газиантеп, Турција

На покана на првиот инвеститор од Газиантеп во Индустриската зона во Новаци, компанијата Кreationtextil заедно со нашиот економски промотор Рамазан Тезџан, Исмаил Кавасоглу и Александар Талевски како дел од бизнис секторот од Македонија, остварив средба со голем број стопанственици и ги посетив нивните компании.

Имено во рамките на тридневниот мој престој во овој дел на Турција, ја посетив фабриката за производство на здрава храна Haitlar Gida, компанијата Original Yarn Ind Trade Inc. чиј сопственик беше организатор и домаќин на моето патување, се сретнав со претседателот на Индустриската зона во Газиантеп која вработува повеќе од 300.000 работници, Озер Озџан и Танер Оздурак ,заменик претседател на трговската комора Оздурак Текстил, ги посетив производните капацитети на текстилните компании Hasirci Tekstil и Doruk Textile IndustryTrade Inc.

Ја посетив Индустриската зона Коркун. Имав можност да ги посетам фабриките за производство на теписи и ќилими Durkar Carpet Textile Industry Trade Inc., Loomx Kilim и Sahan Hali, и фабриката за дрво Jaguar Plywood Forest products, фабриката за козметика и средства за чистење Yilmazkar Group и фабриката за производство на машини Cagsan Makine.

На средбите се остварија бројни дискусии, за потенцијалот што го нуди Индустриската зона во Газиантеп кој има распространета мрежа ширум целиот свет, како и можностите кои им ги нуди нашата индустриска зона на идните инвеститори.

Надвор од рамките на оваа работна посета ми беше дадена прилика да ја посетам претоварната станица и целокупниот процес на собирање и третман на отпадот од регионот на Газиантеп кој опфаќа близу 3 милиони популација.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content