Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Министерот Трипуновски во Новаци

На вториот ден од мандатот на новиот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ја посети Општина Новаци и на мое огромно задоволство остваривме заедничка средба на која присуствуваа и земјоделците од Општина Новаци и целиот пелагониски регион. На состанокот се разговараше за почетокот и текот на откупот на лебното жито, за сите ситуации и проблеми кои се појавуваат при секој откуп, за годинешната реколта на пченица, откупата цена и сл. Како што кажа министерот Трипуновски, целта на денешната средба е да го слушне мислењето на земјоделците, да ја види ситуацијата на терен, а деновиве се закажани бројни состаноци токму на оваа тема со земјоделски здруженија од земјата и регионот, како и со откупните центри за да може да се извлече денар плус во корист на земјоделците, кои изминатите години претрпеа огромни штети од лошите политики. Министерот потенцираше дека наследена е една катастрофална состојба во земјоделието но како министер ветува дека ќе направи се за да го подобри, и на тој начин земјоделците да се почувствуваат дека некој се грижи за нив и за нивниот макотрпен труд и производство.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content