Се уредуваат и саниераат полските патишта на територијата на Општина Новаци
Започнаа градежните активности за уредување и санација на полските патишта на територијата на Општина Новаци. Уредувањето опфаќа рамнење, насипување и тампонирање со песок и чакал со што целосно ќе се санираат состојбите предизвикани од временските услови во текот на изминатиот есенско – зимски период и патиштата кои водат кон полето ќе се донесат во нормална состојба со што ќе се створат услови земјоделците непречено да можат да пристапат до своите ниви без страв од уништување на механизацијата. Реконструкцијата на полските патишта е од големо значење за земјоделските домаќинства со кои ќе се овозможи пристап до плодното земјоделско земјиште како и поквалитетен и побрз пристап до земјоделските култури и прибирање на посевите.
Средствата за овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Новаци.
0 Comments