Отворен 9-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски
Минатата вечер го отворив 9-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал Пеце Матичевски, кој традиционално го организираме секоја година во месец Јуни, а генерален покровител на настанот е Општина Новаци.
Посакувам уште долги успешни години на постоење и организирање на овој спортски настан кој го носи името на нашиот херој Пеце Матичевски кој потекнува од Новаци, а животот го даде на браникот на татковината во конфликтот во 2001година.
Општина Новаци и понатаму ќе ги поддржува ваквите спортски настани и манифестации во границите на своите можности.
Нека е со среќа и нека победат најдобрите!
0 Comments