Работна посета на регионот Измир на градоначалникот Стевановски
Во рамките на работната посета на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски на регионот Измир, Р.Турција која ја оствари заедно со градоначалниците на Општина Битола,Тони Коњановски и Општина Прилеп, Борче Јовчевски, стопанствениците од пелагонискиот регион кои се дел од Стопанската комора Пелагонија- Преспа, реализираше посета на општините Измир и Тире и Стопанските комори на истоимените градови. При посетата на Индустриската зона во Тире се оствари средба и со дел од компаниите кои се заинтересирани да инвестираат во регионот на Пелагонија односно во индустриската зона Златен Клас во Новаци, Жабени во Битола и ТИРЗ во Прилеп. Во рамките на неколку дневната посета беа разменети меѓусебни искуства, беше потпишан меморандум за соработка со кој што во иднина ќе се продлабочи меѓусебната соработка и ќе се овозможи на стопанствениците од овој регион на Турција вложување на нивниот капитал во пелагонискиот регион со што ќе се допринесе кон економски развој, зголемување на стандардот на населението и подобрување на квалитетот на живот.
0 Comments