Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци бележи значителни позитивните промени од техничката поддршка од Проектот на USAID

Претставници на УСАИД, градоначалникот Стевче Стевановски и претставниците на Општина, разговараа за позитивните промени како резултат на 18 месечната техничката поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.

🗣Со овај проект е направено следното:
🔼Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за над 106% и зголемена наплата на данокот на имот за 93%,
📔Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
🔼Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот,
ℹИнформирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” споделена на веб-страница на општината на следниот линк: https://opstinanovaci.gov.mk,
🔼Индексот на даночната транспарентност на Општина Новаци за 2022‐2023 изнесува 42% (од можни 100 %) во споредба со 2021-2022 кога изнесувал 29%,
📒Изработен Граѓански буџет за 2023 година и објавен на: https://opstinanovaci.gov.mk/graganski budzet,
🗓Апстракт од конечни извештаи од внатрешна ревизија за 2022 година објавен на https://opstinanovaci.gov.mk,
🔼Индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува 15 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022 кога изнесувал 10,
🔼Активната транспарентност на Општина Новаци во 2023 година изнесува 68,1 % (од можни 100 %) и е непроменета во однос на 2022,
📑Изработен и усвоен План за локален економски развој и објавен на https://opstinanovaci.gov.mk,
🗣Новаци го сподели своето искуство за “Како до успешна апликација – искуство” на работилницата за размена на искуства при имплементација на ИПА прекугранични проекти.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content