Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишно и Божиќно обраќање на Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци

Почитувани граѓани

Со задоволство и голема радост ве поздравувам во овој прекрасен, волшебен период од годината исполнет со милосрдие и добри дела.

Во изминатата година на промени бевме соочени со различни предизвици кои заеднички ги надминавме бидејќи само така сме подобри и посилни. Со вашето активно учество и нашиот заеднички труд, успеавме да постигнеме многу зацртани цели, да реализираме многу проекти за доброто на жителите на Општина Новаци,создадовме прекрасни моменти и успеси и затоа сакам особено да ви се заблагодарам на дадената доверба, поддршка и соработка.

Новата година е време за нови почетоци и можности, заедништво и надеж. Како градоначалник на Општина Новаци можам да ви ветам дека ќе продолжиме да работиме напорно за подобрување на животот во нашата општина, со цел да го зголемиме квалитетот на услугите, да инвестираме во развој и инфраструктура, и да го поддржиме и охрабриме индивидуалниот но и заедничкиот напредок.

Овој период е време за семејно дружење и обединување. Ви посакувам топлина, радост и среќа во сечиј дом. Со почит кон традициите и со взаемна поддршка, можеме заедно да градиме подобра заедница, да градиме иднина.

На овај ден на преминот кон новата година , да ја испратиме старата со благослов и да зачекориме во 2024 со оптимизам и верба за поубава и посветла иднина.

Нека новогодишната и божиќната светлина го осветлат вашиот дом и ги исполнат срцата со среќа и радост. Нека вашиот пат во новата година биде исполнет со успеси, здравје, среќа и благосостојба. Нека ви биде исполнета секоја денешна и идна желба, а она што го посакувате да ви стане реалност.

Споделете го празничниот дух со семејството и пријателите, и воедно, нека Општина Новаци продолжи да биде место на заедништво и просперитет. Верувам дека заедно можеме да го изградиме подобро утре и подобра заедница

Среќна и благословена Нова 2024 година и Божиќни празници !!!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content