Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одржа вториот по ред „Фестивал на жетвата“ Новаци 2023

Синоќа го отворивме вториот по ред „Фестивалoт на жетвата“ Новаци 2023

Во присутво на бројни гости,локални жители, изложувачи на земјоделска механизација, семенски материјал и вештачки ѓубрива, изложувачи на храна, мед, домашни тестенини и сл.

Oпштина Новаци е една од најголемите производители на храна во нашата држава а целосното информирање за важноста од сопственото земјоделско производство, вложувањето во ресурсите со кои изобилува Пелагонија, но секако и подигнување на свеста кај земјоделците за вложување и модернизирање на сопствените бизниси е од голема важност.

„ Но за жал оваа година овие стратешки култури постигнаа рекордно ниски цени и нашите производители доживеаја да работат со апсолутна загуба.

Со ваквата земјоделска политика која ја креира сегашната влада доведено е во прашање производството на лебното жито кое претставува основа на земјоделското производство на секоја сериозна држава.За ваквата моментална состојба и сите други предизвици во земјоделството ќе имаме можност овие два дена да разговараме и бараме решенија. “ рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Со оваа манифестација Општина Новаци се афирмира како многу важна алка која придонесува за производство на храна и развој на економијата во државата во услови на светска криза.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content