Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна да се гради отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач

Започна да се гради отвореното спортско игралиште за мал фудбал во село Бач. Општина Новаци овој проект го реализира со цел да создаде услови за подобрување на квалитетот на изведување на училишната настава на ПОУ „Славко Лумбарковски“ во село Бач, како и квалитетот на живеење од аспект на унапредување на можностите за спорт и рекреација на локалното население од селото и пошироката околина .

Отвореното спортско игралишете за мал фудбал во село Бач ќе биде изградено по најсовремени модерни стандарди со следните карактеристики: максималната површина за градба е со габарит во основа со димензии 47,00м х 30,28м заедно со вклучени безбедносни растојанија, два реда трибини од двете подолжни страни и тротоар- патеки со ширина од 1,50м по обемот на објектот. Самиот терен за игра, заедно со безбедносните растојанија од страните ќе биде тревна површина со димензии 44,00м х 22,00м , додека трибините и обемните патеки ќе бидат од бетон, армиран според соодветна статичка пресметка.

На трибините предвидени се појаси од дрвени облоги од резана граѓа шрафени во бетонот во функција на седишта за гледачите, како и изградба на метална ограда по обемот на објектот, како и адекватна заштитна мрежа зад головите. Одводнувањето на атмосферските води се предвидува по слободен пад кон постоечкиот

отворен канал на северозападната страна.

Вредноста на овај проект изнесува над 6 милиони денари.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content