Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СПОРТСКАТА ТЕРЕТАНА НА ОТВОРЕНО ВО НОВАЦИ

Заменик амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер заедно со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, претставници од Пролокал, општинската администрација и младите, учесници во проектот „ Зајакнување на капацитетите на луѓето од Пелагонија“ ја посетија локацијата каде е изградена теретаната на отворено во склоп на спортската сала во Новаци.

„ Денес направивме увид и на некој начин свечено ја пуштаме во употреба тератаната на отворено која ја изградивме во склоп на спортската сала во Новаци на барање на младите луѓе од нашата општина  со средства од проектот во висина од 122.000,00 денари, додека кофинансирањето  на Општина Новаци изнесува 147.386,00 денари. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Младите учесници имаа можност да предложат идеи и предлог проекти за секоја Општина, кои ќе бидат од големо значење за сите жители од овие 7 рурални Општини во Пелагонија. Целиот овој процес, од предлог идеја на младите до реализација од страна на избрана градежна компанија, се одвиваa согласно сите административни постапки и процеси од страна на секоја Општина. За време на работилниците и во сите процеси на реализација на проектите, учествуваа и беа обучени и 7 претставници од општините за работа со млади од нивните општини. Крајниот резултат се 7 инфраструктурни проекти од мал обем во сите седум општини.

„ Вие сте движечката сила  и ме радува тоа што гледам дека имате желба и енергија да работиме заедно и да реализираме вакви слични проекти.“ рече Роберт Декер, Заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија.

Во рамките на прокетот  беа одржани 12 работилници за 12-те принципи на Добро Владеење, во кои активно беа вклучени 50 млади луѓе од рурална Пелагонија, 3 мотивациски дебати, тренинг „Training on EU citizens/youth engagement practices“, со експерти од Хаг од Академијата за Локално Владеење за што младите се здобија со сертификат и беше изработена дигитална алатка – онлајн курс на официјалната веб страна на Про Локал, каде што сите млади од рурална Пелагонија ќе имаат можност да прочитаат и да научат за принципите на добро владеење. Во рамките на проектот беше изработена и Анализа за степенот на учество на младите во рурална Пелагонија.

„ Преку овие одржани работилници и многубројните други активности во рамките на имплеменатцијата на проектот,  младите ги зајакнаа своите капацитети за вклучување во носењето на одлуки на локалната самоуправа во нивните локални заедници. Проектот заради позитивните промени врз младите од рурална Пелагонија ќе продолжи да се реализира и во наредните две години, во кој ќе бидат вклучени и општините Битола и Прилеп со руралните населени места. “ рече Емилиа Ѓероска, претседател на Пролокал.

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, преку МАТРА Програмата, а во имплеметацијата на истиот, освен Про Локал, се вклучени уште 9 други граѓански организации, и  секако општините: Новаци,Ресен, Могила, Демир Хисар, Долнени, Крушево и Кривогаштани.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content