Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Второ место за Верка Котевска од Новаци на манифестацијата „Зелникот на бабата 2022 “

Во мојот кабинет денеска на огромно задоволство мои гости беа Здружението „ Силата на бабата“ од Новаци кое учествуваше на традиционалната манифестација „Зелникот на бабата 2022 “ во Пробиштип.

Нашата сограѓанка Верка Котевска го освои второто место за најдобро направен зелник, додека во 2019 година на истата оваа манифестација Котевска го освои првото место.

Денеска имавме можност да пробаме домашни направени пити од вредните раце на нашите сограѓанки, членки на ова наше здружение.Честитки од мое лично име, од името на општината и Советот на Општина Новаци за добиеното признание и поттик за понатамошно успешно претставување на Општина Новаци на вакви слични манифестации.

Традицијата е белег на една култура во едно време. Белег на кој се темелат корените на еден народ. Навиките се менуваат но традицијата е таа што трае и се пренесува од колено на колено. Здружението „Силата на баба“ од Новаци со своите членки и своите активности се грижи таа традицијата да се презентира, да се зачува и да се пренеси на идните поколенија.

Општина Новаци секогаш ќе стои зад било кој жител или здружение кое не промовира и е еден вид наш амбасадор.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content