Во Новаци ќе се гради една од најголемите фотонапонски централи во државата
ДТПУ Меј Груп ДОО Експорт импорт Скопје е компанија која наскоро ќе започне да гради една од најголемите фотонапонски централи од 50 MW во општина Новаци. Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од 57 хектари покриена со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори.
„ Денес остварив средба со претставници од оваа компанија и сопствениците на земјиштето каде ќе поминува високонапонскиот далновод. На средбата се разговараше за условите и начинот со кои треба да се спроведе далноводот, решавање на имотно правните односи и придобивките кои би ги имале жителите на Општина Новаци од оваа голема инвестиција од приватниот сектор.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Ова е еден од чекорите кон кои Општина Новаци како локална самоуправа ќе биде насочена со цел нејзината трериторија да биде ставена во Стратегијата за развој на енергетиката која ја изработува МАНУ и да биде обележана како точка на мапата во која постојат услови за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.
0 Comments