Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Активно се чистат патиштата и улиците во Општина Новаци

Сите патишта и улици на територијата на Општина Новаци се проодни ,исчистени без снежни наноси или остатоци на снег, информира градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

„Од синоќа постојано сме во координација со службите кои се на терен и го чистат снегот. Благодарение на брзата и навремена реакција сите патишта во Општина Новаци се проодни без снежни наноси и остатоци на снег.Состојбата будно се следи и доколку има нови снежни врнежи и се јави потреба, механизацијата повторно ќе излези на терен.“ рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Екипите од комуналното претпријатие ноќеска беа на терен со цел да се обезбеди поголема безбедност како за учесниците во сообраќајот така и за пешаците.

„Ќе продолжиме активно да ги чистиме јавните површини под наша надлежност, со што ќе обезбедиме безбедно и непречено движење на граѓаните во нашата општина, без никаков застој. Воедно, упатувам апел возачите да бидат претпазливи и да возат внимателно, брзината на движење да ја прилагодат според временските прилики и зимските услови. “ рече Стевановски.

Според временската прогноза од УХМР снежните врнежи со помал интензитет ќе бидат застапени уште денес , а  веќе од утре се очекува стабилизација на временската ситуација односно не очекува сончево и студено време со мала до умерена облачност со засилен ветер од северен правец.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content