Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци со буџет од 162 милиони денари во 2022 година

На денешната четвртта седница на Советот на Општина Новаци беше донесен буџетот на Општина Новаци за 2022 година во износ од 2,6 милиони евра. Овој финансиски документ претставува годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства. Во него се вклучени: основниот буџет, буџетот на самофинансирачки активности, буџетот на донации, буџетот на дотации и задолжувањето.

„На Советот на Општина Новаци беше донесен новиот буџет за наредната 2022 година.Вкупните буџетски средства со кои ќе располага општината во наредната година се околу 163 милиони денари од кои најголем дел му потпаѓаат на основниот буџет околу 127 милиони денари ,другите средства ќе бидат за блок дотации и ќе бидат наменети за институциите кои се под надлежност на Општина Новаци. За капитални расходи во оваа година се планирани  56 милиони денари од кои добар дел се наменети за отплата на стари долгови кои се натрупани од претходното локално раководство меѓутоа ние како локална самоуправа предвидовме и направивме и ќе направиме се што е во наша моќ да имаме едни добри развојни проекти оваа година за жителите на нашата општина. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Покрај буџетот, одлуката за извршување на буџетот, вредноста на бодот за платите на државните службеници и помошни технички лица,мерките за превентивна дезисекција и системска дератизација, одлуката за продолжување на меѓусебната соработка  за пожарникарите помеѓу општините Новаци и Битола на денешната седница се разгледаа и десеттина предлог програми и предлог одлуки за тековното работење на локалната самоуправа во 2022 година.

„Покрај буџетот на Општина Новаци за 2022 година на денешната седница разгледавме голем број на предлог одлуки и предлог програми кои се неопходни за функционирањето на локалната самоуправа  во тековната година како што се: програма за уредување на градежно земјиште, за култура, за образование, спорт, локален економски развој, план за јавни набавки и сл.Посебно сакам да истакнам дека овој состав на советот предводен од градоначалникот особено ќе внимава на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина  бидејќи во нашиот двор се наоѓа најголемиот загадувач . Затоа треба сите заедно а особено ние како локални власти преку различни мерки да го намалиме неговото влијание.Покрај средставата за субвенционирање на жителите на Општина Новаци  за набавка на климатизери мерка која успешно се спроведе , по новогодишните празници ќе објавиме повик за субвенционирање на жителите кои ќе изградат термоизолациони фасади.“ рече Славица Најдовска Стојковска, претседател на Совет на Општина Новаци.

Обемниот дневен ред кој се најде пред советниците на денешната седница продолжи со разгледување на предлог програма за животна средина, еднакви можности, урбанистички планови на територијата на Општина Новаци, за локални водоводи, јавна чистота и комунална хигиена, барања за финансиска помош за социјални случаи, разрешување на членови и именување на нови членови на Управен одбор на ЈОУДГ„ Бамби“ Новаци, предлог финансиски извештај , годишен извештај за работата и сл.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content