ОПШТИНА НОВАЦИ СО АПЕЛ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
Општина Новаци упатува апел до граѓаните особено во периодот на драстично високи дневни температури и појава на суша за зголемена претпазливост, будност и мобилност се со цел заштита од појава на пожари на отворен простор со препорака:-да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места.-да не се палат стрништа, меѓи и други површини.-да не се фрлаат стаклени и пластични шишиња-да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал.-да не се фрлат отпадоци од цигари. Да се внимава при посета на шумите, други пошумени или обраснати локации со препорака да не се користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар.Како инститиции и поединци, како граѓани да не ги заборавиме нашите обврски и должности да ги сочуваме шумите, нашите бели дробови и природата во целост.Граѓаните доколку забележат сомнителна ситуација на појава на оган и чад веднаш да пријават и да ги известат надлежните служби на телефонскиот број 193.
0 Comments