Градоначалникот Кузманоски го посети Муфтиството на Исламската верска зедница во Битола
Градоначалникот Кузманоски на баклава во Муфтиството на ИВЗ во Битола Градоначалникот Љубе Кузманоски денеска го посети Муфтиството на Исламската верска зедница во Битола по повод големиот празник Рамазан – Бајрам. Кузманоски на Муфтиството и сите граѓани од муслиманска вероисповест во свое име и во името на локалната самоуправа им го честиташе празникот. Муфтијата Амит Расими се заблагодари на посетата и додаде дека постои одлична соработка помеѓу општината и заедницата во интерес на сите граѓани и добрите меѓуетнички односи. На средба со муфтијата, покрај градоначалникот присуствуваа и вработени од општинската администрација.
0 Comments