Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

25 милиони денари инвестиција во с. Гермијан

Жителите на село Гермијан добиваат инвестиција од 25 милиони денари , уредување на порој ,со средства од Светска банка, преку проект за подобрување на општинските услуги од компонентата ЕУ ИПА инвестициски грантови финансирани од ЕУ .
Проектот предвидува уредување на поројот во две фази во должина од 1.5 км .
Моментално интензивно се работи на првата фаза во должина од 806,26 метри , средствата за реализација на оваа фаза се обезбедени од Грант ИПА во износ од 15.990.000.00 мкд и 9.711.894.00 мкд со пресметан ДДВ од буџетот на општина Новаци за 2018 година.
Градоначалникот на општина Новаци,Љубе Кузманоски на средба со локалното население ги потенцираше придобивките од изградбата на овој порој , како и идните проекти кои се планирани со цел подобрување на условите за живот .

“Со реализацијата на овој проект во иднина ќе нема поплавување на куќите и дворовите на локалното население кои се наоѓаат во близина на поројот , а ќе има зголемување на приносите од земјоделието , намалување на загадувањето на сливното подрачје на река Црна . Истовремено ќе се подобрат условите за живот на жителите и ќе се овозможи унапредување на животната средина во селото ” -истакна Кузманоски

Изведувач на градежните активности е Стентон Градба ДОО Битола, а како директни корисници од реализацијата на овој проек се јавуваат 100 земјоделски семејства и околу 300 жители од Гермијан и околината.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content