Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

10 000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Успешен почеток на школската година на првачињата и на сите ученици во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци им посака градоначалникот Стевче Стевановски.

„На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот а на останатите дечиња им посакав успешен почеток на учебната година, затоа што во училиште тие ќе се стекнат со многу знаења и вештини кој ќе ги водат до подобра иднина, бидејќи образованието е еден чекор поблиску кон успехот. “ рече Стевановски.

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче и истата е зголемена и изнесува 10.000 денари.

„Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми од 5000 на 6000 денари, додека оваа година решивме заедно со Советот на Општина Новаци, на семeјствата со прваче да им помогнеме со 10 000 денари.Сметаме дека значително се зголемени трошоците за живот , па на овај начин решивме да им помогнеме на родителите и да им овозможиме пријатен почеток на учебната година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2023/2024 година се запишаа вкупно 194 ученици.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 10 000 денари.

Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2023/2024 година може да се подигне во општината.Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи:Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година,извод од матичната книга на родените ,копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) .

Барањата можат да се поднесат во архивата на Општина Новаци секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content