Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ќе се отвора старски дом во општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци заедно со претседателката на ЗГ Организација на жени Битола Светлана Петковска одржаа прес конференција на која ги информираа медиумите за постапката за отворање на старски дом.

Овој објект ќе биде отворен во постоечката стара амбуланта на излезот од Новаци кон РЕК Битола. Во старскиот дом преднос за вработување и сместување ќе имаат жителите од општина Новаци .Ќе спаѓа во категорија на мали старски домови со капацитет од 35 до 40 лица. На денешната прес конференцијата беше речено дека вкупната инвестиција отприлика ќе чини над 200 илјади евра.

Законската регулатива е таква да постојатат три типа на Старски домови. Мал, среден и голем. Малиот е со капацитет до 35 лица, средниот од 35 до 70, и големиот со капацитет од 70 до 140 лица. Иницијаторите за овај старски дом се надеваат дека ќе биде отворен наредната година.

„На барање на жителите на општина Новаци во соработка со Организација на жени започнуваме постапка за отворање на старски дом. Објектот е во наша сопственост кој ќе биде издаден на долгорочна концесија или пак под закуп за оваа намена се со цел да се задоволат барањата на нашите жители.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Средствата за отворање на старски дом ќе бидат на ЗГ Органзиација на жени, ќе се аплицира со проект до ИПА фондовите, ќе се искористат повластиците кои ги нуди Владата на РМ а секако дека учество ќе има и општина Новаци

Back to top
Skip to content