Јавна дискусија на тема „Подобрување на активните мерки за младинско вработување” во Новаци
Коалиција на младински организации СЕГА, го имплементира проектот „Подобрување на активните мерки за младинско вработување” кој е финансиран и поддржан од Национална агенција за образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3, Структурен дијалог помеѓу млади и донесувачи на одлуки. Проектот се спроведува во периодот од 01 март 2021 до 30 октомври 2021 година. Овој проект е силно поврзан со решавање на невработеноста на младите, со посебен фокус на вклучување на маргинализираните групи, во согласност со приоритетите на Еразмус+ програмата и националните приоритети на Република Северна Македонија.Целта на проектот е да се идентификуваат потребите за зајакнување на постојните политики и активни мерки за вработување на младите со посебен фокус на два аспекти – услови на виша сила (пандемија) и маргинализирани групи на млади и да се зајакне влијанието на младите и невладините организации со подготвен Документ со препораки за зголемување на вработеноста кај младите.Во рамките на овој проект, здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, како партнерска организација организира локална јавна дискусија во Младинскиот културен центар – Новаци на која учество зедоја градоначалникот Љубе Кузманоски, Проф. д-р Моника Марковска, претставничката од АВРСМ Славица Грујо, млади невработени, претставници на граѓански организации, директорот на ЈКП „Комунална Хигиена” – Новаци, Петар Велјановски и директорката на ОУ „Браќа Миладиновци” с.Добрушево, Македонка Соклевска.
0 Comments