Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Фестивал на детско творештво „Мост меѓу две срца“ во Новаци

Во основното училиште „Славко Лумбарковски“ Новаци денеска беа доделени наградите од конкурсот  по повод третиот по ред фестивал на детско творештво „Мост меѓу две срца“ .

Фестивалот го одбележува светскиот ден на книгата и авторското право и има за цел да придонесе поттикнување и промовирање на детското творештво, креативно изразување гледано од детското срце и негова дисперзија и развој во руралните средини.

Овој проект има за цел да придонесе за поттикнување на детското творештво  преку организирање на конкурсот  „Мост меѓу две срца“ . На ваков начин се делува едукативно но  и се поттикнува детското творештво гледано од креативноста на детското срце и срцето на книгата.   Оваа година на фестивалот учествуваат претставници од дванаесет основни училишта од општините во регионот со поетски, прозни и ликовни творби од ученици од одделенска и предметна настава

„Оваа година младите љубители на убавиот збор пишуваа на тема „Творам со срце за родниот крај“ . Авторските творби кои што пристигнаа на фестивалот по автоматизам влегуваат во детска книга која се објавува во октомври по повод месецот на книгата. За најдобрите творби одлучуваше четиричлена комисија составена од писатели и професори по македонски јазик , воедно најдобрите творби ќе бидат наградени. “ рече Елизабета Јончиќ, КИК Новаци.

Од одделенска наскава прва награда доби петтоодделенецот Милош Гугучевски  од ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола, втора награда Ајдин Дулка од ОУ „ Крсте .П:Мисирков“ Бистрица а трета награда освои Давор Петковски третооделение во ОУ „ Св. Климент Охридски“ Битола“.

Во категоријата предметна настава, прва награда освоија Зорица Симјановска и Андреа Гулабовска и двете од ОУ „ Стив Наумов“ Битола, втората награда им припадна на Велеса Велеска од ООУ „ Манчу Матак“ кривогаштани и Александра Петровска од ОУ „ Коле Канински“, додека третата награда ја освоија Анастасија Димовска од ОУ „ Гоце Делчев “ Битола и Андреа Наковска“ од ОУ „ Даме Груев“ Битола.

Фестивалот е организиран од Културно иновативниот клуб Новаци со партнерство на ЦОУ,,Славко Лумбарковски” Новаци а под покровителство на Општина Новаци.

Back to top
Skip to content