Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ТРАДИЦИОНАЛНО СО ПОЧИТУВАЊЕ НА СИТЕ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ СЕ ОДРЖА ФЕСТИВАЛОТ ИЗБОР НА ЛЕТЕН ФОЛК-ХИТ 2020 ВО НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Во манастирскиот комплекс Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, традиционално се одржа Фестивалот за избор на летен фолк хит за 2020 година, во организација на Здружение за мода ПИКСИ СТУДИО-Новаци и ИН-ТВ продукција и сателитска телевизија, а под покровителство на градоначалникот Љубе Кузманоски и Општина Новаци.

На настанот учество зедоја повеќе од 20 познати естрадни уметници и десетина музички групи. Татијана Стефановска, Благица Павловска, Сани Гроздановска, Стојне Николова, Елена Јовческа, Слаѓана Регина, Силвана Крстовска, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Туше, Борче Наумовски, Дарко Билбиловски и Алексовски беа само дел од изведувачите пред публиката во Новаци.

Специјални гости на фестивалот беа Анета Мицевска и Молика ONE Бенд.

Фестивалот имаше натпреварувачки карактер и публиката гласаше за Летен Фолк Хит 2020. Од гласовите на публиката победник на овогодинешното издание на Избор на Летен Фолк Хит за 2020 година е Ташко Каранфиловски со песната Сине мој. Второто место го освои Татијана Стефановска, а на трето место од гласовите на публиката се пласираше Благојче Стојановски – Туше.

Свое обраќање имаше и градоначаникот Љубе Кузманоски кој истакна дека и во иднина ќе ги помагаат културните настани од ваков тип, и додаде дека в година во Општина Новаци ќе биде организирано најбогато по содржини и најзабавно културно лето.

Изборот на Летен Фолк Хит за 2020 година се одржа според протоколите на Министерството за здравство за одржување на социјална дистанца, носење на заштитни маски, дезинфекција и мерење на температура на сите посетители. Со пренос во живо на ИН телевизија како и на социјалните мрежи, фестивалот имаа можност да го погледнат повеќе илјади гледачи.

Back to top
Skip to content