Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 5 тата седница

Советниците во советот на општина Новаци денеска ја одржаа петтата седница на која имаа полни раце работа. Разгледаа и усвоија околу 40 тина точки на дневен ред .

По усвојувањето на записникот од претходната седница , советниците донесоа неколку одлуки кои се однесуваат на финансиското работење на општина Новаци и тоа усвојување на тримесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2017 до 31.12.2017 година, определување на благајничкиот денарски и девизен максимум, како и предлог годишниот план за јавни набавки за 2018 година.

Совтниците ја разгледаа и одобрија програмата за работа на ЈКП  „Комунална хигиена“ Новаци за 2018 година.

На денешната седница советниците донесоа одлука за измени и дополнувања на програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години во општина Новаци.

Се формираше и одобри составот на Комисијата за проценка на штети од елементарни  и други непогоди, се усвои извештајот за извршен редовен  годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12.2017 година од централната пописна комисија, се усвои полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за учебната 2017/2018 година.

Советот на општина Новаци ја разгледа и усвои предлог одлуката за учество и имплементација на проектот „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области“ со акроним AGROWCHAIN, финансиран од ЕУ од првиот повик од програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2014-2020 година.

На денешната седница беше донесена одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на патничко моторно возило и предлог одлука за одобрување на средства за користење на службените телефони и утврдување на лимит на разговори, како и предлог решение за именување на персоналниот состав на штабот за заштита и спасување во единица за локална самоуправа Новаци.

Советниците донесоа и одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна планска урбанистичка документација  црква Св.Петка во с. Груништа.

Советниците разгледаа и неколку барања од физички лица и тоа за : еднократна парична помош  за претрпена штета  (пожар и ветер), за лекување, за учество на саем во Бидимпешта, потоа неколку барања од месни заедници и манастирски одбори за градежни материјали за изградба на манастирот Свети Арханѓел Михаил во с. Скочивир,средства за пооставување на бехатон плочки  за дворот на манастирот и изградба на настрешница на капелата во црквата Св. Ѓорѓи во с. Гермијан, барање од црковниот одбор на црквата Св.Атанасиј од Новаци за набавка на две клими како и одобрување на средства за доизградба на капелата во Новаци.

Советот на општина Новаци донесе одлука за доделување на финансиски средства за учество во ОФЛ Битола за цела 2018 година на ФК Новаци 2011 Новаци како и одобрување на финансиски средства на ФК Новаци 2005 за учество во Втора македонска фудбалска лига пролетен дел за 2018 година. Беа одобрени финансиски средтва на Синдикалната организација на општина Новаци а беше разгледано и барањето на КИК Новаци за дополнителни финансиски средства за доисплата на обврски кои произлегуваат од реализираните активности во трамките на Културно лето Новаци 2017 година.

Беа разгледани и барањата за финансиски средства од кошаркарскиот клуб Младост за организирање на 8-от велигденски меѓународен кошаркарски турнир Битола 2018, Здружение за меѓународна младинска соработка Интерактив Битола за снимање на документарен филм за општина Новаци на македонски, англиски и турски јазик како и барањето на Здружението за земјоделци „ Современо земјоделство“.

Советот на општина Новаци се произнесе и по барањето за давање мислење за изградба на мали хидроцентрали МХЦ 227, МХЕЦ 228 на градешка река и МХЦ 233 и МХЦ 234 на Бела река.

На денешната седница имаше и дваесеттина точки на дневен ред кои беа како дополнување на првичната покана за денешната седница.

 

Back to top
Skip to content