Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 47-та седница

DSC_8448

По усвојувањето на записникот за претходната седница, советниците започнаа со разгледување на дневниот ред за денешната 47-ма седница на кој имаше околу триесеттина точки.

Ја разгледаа и усвоија завршната сметка и годишниот извештај за буџетот на општина Новаци за 2015 година , финансискиот извештај за работењето на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за 2015 година како и завршната сметка и извештајот за работење за 2015 година за ЈКП „Пела хигиена“ Новаци.

Потоа се донесоа неколку одлуки и тоа: за одобрување на средства за одбележување на празникот на општина Новаци – 30 март , за формирање на комисија за одбележување на денот на општината, за одобрување на средства за хотелско сместување и исхрана  на членовите на Советот од Дуги Рат – Република Хрватска со кои општина Новаци е збратитема општина, одлука за усвојување на годишниот извештај за извршени работи за одржување на јавната чистота во општина Новаци.

Советиците го прифатија оперативниот план и програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавна депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта на општина Новаци во 2016 година, како и оперативниот план и програма за контрола и уништување на комарците на територијата на општина Новаци во 2016 година.

Со одлука на Советот се одобри расход и отуѓување на  основни средства според Пописна листа бр.1 , се донесоа две одлуки за учество на општина Новаци со два проекти во ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција 2014 – 2020 и тоа: ,,Развој на Ниџе алтернативен туризам во пограничната област “  и „ Развој на туризмот – Одржување на растот на туризмот“.

Беа усвоени неколку барања од Месни заедници и тоа од МЗ Градешница за изработка на проекна документација за локален пат с.Градешница-манастир Св.Илија-брен а од МЗ Рапеш за за одобрување на средства за набавка за градежни материјали. Вакво барање беше усвоено и за  црковните одбори на храмот Св.Никола с.Градешница за набавка на градежни матерјали за доградба на манастирот Св.Архангел Михаил с.Градешница и храмот „Св. Ѓорги“ с.Рибарци за одобрување на средства за изработка на фрескоживопис.

Советниците во Советот на општина Новаци донесоа предлог програма за волонтерство за 2016 година, одлука за утврдување на приоритет на проект – Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица во село Градешница, давање согласност за намената на инвестицијата (Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица во село Градешница), одлука за сопствено учество на општина Новаци во Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица во село Градешница, одлука за утврдување на приоритет на проект -Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица-тротоари во село Гермијан, давање согласност за намената на инвестицијата – Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица-тротоари во село Гермијан, одлука за сопствено учество на општина Новаци во Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на улица-тротоари во село Гермијан.

На денешната седница имаше и неколку дополнувања на дневниот ред и тоа беше донесена одлука за одобрување на средства за одбележување на 110 години од смрта на Ѓорѓи Сугарев  во манастирот Св.Ѓорѓија-Паралово а беше донесена и предлог-одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за  КП 1509 и КП 1510 КО Новаци.

Беше разгледано и усоено барање на физичко лице за парична помош за лекување и беше доенсена одлука за измена на решение за именување персонален состав на Штабот за заштита и спасување во единица на локална самоуправа Новаци (бр.07-673/19 од 17.11.2008 година.

 

 

 

Back to top
Skip to content