Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на општина Новаци ја одржа 46-тата седница

DSC_6740

Советниците во Советот на општина Новаци денеска ја одржаа 46-тата седница на која разгледуваа и расправаа за дваесеттина точки на дневен ред. Како и секогаш седницата започна со разгледување и усвојување на записникот за претходната седница. Потоа се донесе Одлука за одлука заспроведување на мерки на систематска дератизација и превентивна дезинсекција на територијата а општина Новаци.

На денената седница беа усвоени и донесени неколку документи за работењето на оваа локална самоурпава и тоа: заклуок за извршен редовен годишен попис со состојба 31.12.2015 година од централната пописна комисија, предлог програма за за култура, културни и други манифестации на општина Новаци за 2016 година, измена на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2016 година, предлог-одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација ( Данчо Марковски од Битола КП785 КО Скочивир), одлука за утврдување на надоместок на член на Комисија за спроведување на постапка за издавање овластување за изградба на нов објект за производство на топлотна енергија и предлог-програма за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2015 година.

Заради учество на општина Новаци на отворениот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2014- 2020 година советниците донесоа одлука аплицирање со проектна апликација.

Советниците разгледаа и усвоија неколку барања од жители, здруженија на граѓани и тоа: барање за реконструкција на продавницата во с. Старавина, Мариово, одобрување на средства за набавка на градежни материјали за изградба на трпезарија во манастирот Св.Илија, одобрено беше барањето од МЗ Живојно за набавка на градежни материјали подни и ѕидни плочки за поплочување на новоизградениот дел од продавницата во ова село, барање од МЗ Бач за набавка на градежни материјали , барање од жители од селата: Гермијан, Бач,  Живојно и Брод за обезбедување на автобуски превоз за учество на саем во Солун, Грција.

Советниците го одобрија и барњето на ФК.Новаци 2011 Новаци за одобрување на средства за натпреварување во општинска фудбалска лига-пролетен дел 2016 година,

барање од Храм ,,Св.Никола,, с.Брод за одобрување на средства за изработување на фрескоживопис на храмот-ѕидно сликарство, барањето од Културно Иновативен Клуб Новаци-Новаци одобрување на финансиски средства за реализација на Проект-Зголемување на професионалниот капацитет и промовирање на креативни можности на млади луѓе во општината и барањето од КУД ,,Новаци,,-Новаци за одобрување на финансиски средства за набавка на 12 машки и 12 женски носии(86.400,00 денари)

Back to top
Skip to content