Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Советот на Општина Новаци ја одржа 32- рaта седница

На денешната седница на Советот на Општина Новаци советниците разгледаа околу десеттина точки на дневен ред и тоа:

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
  4. Разгледување и усвојување на Извештај  за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во  вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рат, Република Хрватска;
  6. Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
  7. Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за материјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
  8. Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2023/2024.
  9. Разгледување и давање на согласност  на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметрување на платите на вработените во МЈП Пелалинк – Битола;
  10. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување на ЈКПД „Комунална хигиена“ – Новаци за 2024 година;   
  11. Разгледување и донесување на Одлука за набавка на ротациона тракторска тањираста косачка и телескопски тракторски мулчер за потребите на ЈКПД „Комунална Хигиена“ Новаци

И на оваа седница  имаше можност за поставување на советнички прашања.

Пред седницата на Советот на Општина Новаци, заседаваше и Комисијата за доделување на еднократна парична помош која разгледа неколку барања  за финансиска помош од физички лица.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content