Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЈА ОДРЖА 24 ТАТА СЕДНИЦА

Советот на Општина Новаци ја одржа 24 тата седница на која се разгледаа десеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записникот за 23 тата седница , беа разгледани и усвоени следните документи:

  • Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
  • Извештај на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци;
  • Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на ООУ „Славко Лумбарковски“- Новаци;
  • Одлука за давање на согласност на измени и дополнувања на Годишниот план за вработување за 2023 год. на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
  • Предлог – Одлука за поништување на Одлуката за субвенционирање на ЈПКД ,,Комунална Хигиена“ Новаци за отплата на дел од кредит кон Стопанска Банка АД Битола бр. 14-105/14 од 31.01.2023 година;
  • Предлог – Одлука за утврдување на приоритет  на Проект  „Реконструкција на локална улица во с.Гермијан“;
  • Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање на Проект  „Реконструкција на локална улица во с.Гермијан“.
  • Предлог – Одлука за утврдување на приоритет  на Проект  „Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина“;
  • Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за кофинансирање на Општина Новаци во проектот: ,,Подобар квалитет на живот на  населението и заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку планирање и инвестиции во комуналната инфраструктура“ бр. 14-1056/13 од 15.12.2022 година;

Точката за Годишниот извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2023 година се одложи за следната седница.

На денешната седница советниците имаа можност да постават и советнички прашања а како дополнување на дневниот ред беа разгледани барањата  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content