Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се чистат каналите во Пелагонија

 

Општина Новаци заедно со АД Водостопанство на Р.М. подружница Битолско Поле – Битола интензивно работат на чистење на одводните канали и нивно постојано одржување на територија на општина Новаци .
Денеска на терен извршија увид градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на подружница Битолско Поле -Битола Стојан Георгиевски.

“Во соработка со АД Водостопанство на Р.М подружница Битолско Поле -Битола уште во месец септември започнавме акција на интензивно чистење на одводните канали на територија на о. Новаци со цел во претстојниот зимски периот и рана пролет ги избегнеме несаканите последици од евентуално поплавување на земјоделските површини и домови на локалното население .Комплетно исчистените канали ке имаат поголем капацитет да собираат вода со тоа што ќе бидеме подготвени и безбедни во услови на висок водостој на реките и одводните канали .Се заврши со чистење на Живоински порој , моментално се чисти Новачки одводен канал во должина од 12 км , паралелно се чисти порој чагор од патот с.Гнеотино-с.Брод до влив со река Црна, исто така и се оспособуваат трите испусти кај река Црна со замена на цевки и чистење околу испустите”.-истакнува градоначалникот Кузманоски

На ден 13.09.2018 година со машината Volvo се започна со чистење на Живоински порој во близина на село Живојно по барање на месното население и во соработка со Општина Новаци, со чистење ситна вегетација, и вадење на наносен материјал со оформување на коритото и разистирање на извадениот материјал. Во изминатиот период до 15.10.2018 година се изврши чистење на Живоински порој како и на одводни канали низ с.Живојно во прилог се фотографии од чистењето.

Започнувајќи од 16.10.2018 година со машината Volvo се чисти Новачки одводен канал во должина од 12 километри од влив во X одводен канал во близина на село Гнеотино до патот Битола- Новаци во близина на с.Новаци, по програмата за работа на АД Водостопанство на Р.Македонија подружница Битолско Поле – Битола, со чистење ситна вегетација, и вадење на наносен материјал со оформување на коритото и разистирање на извадениот материјал.

Од 25.10 до 02.11.2018 година, се чисти порој чагор од патот с.Гнеотино-с.Брод до влив со река Црна, исто така и се оспособуваат трите испусти кај река Црна со замена на цевки и чистење околу испустите.

И од 05.11.2018 се продолжи со чистење на Новачки одводен канал.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content