Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се укинува забраната за движење

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Почитувани граѓани,

Врз основа на анализите и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата ги донесе следните одлуки;

▶️ Од утре, 27 мај, целосно престанува “полицискиот час”.

▶️ Од четврток, 28 мај отпочнуваат со работа угостителските објекти по протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза.

▶️ од 1 јуни 2020 година, администрацијата се враќа на нормално функционирање. Исклучок ќе бидат хронично болните како и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките.

Да се подготвиме за новата нормалност.

Да се придржуваме кон мерките за заштита: физичка дистанца и заштитни маски.

Back to top
Skip to content