Се одржаа 24 Пелагонски културно-научни средби во Новаци
Денес имав чест да се обратам на одржувањето на 24 Пелагонски културно-научни средби кои секоја година се одржуваат во Општина Новаци.
Овие средби ја популаризираат општината сите изминати години и од нив произлегуваат многу културни и научни трудови како и годишен зборник кој произлегува од секоја средба кој се печати со помош на Општина Новаци.
Целта на Пелагонските културно – научни средби е да ги промовираат научните работници кои се посветени на промоција на овој регион или потекнуваат од истиот. На средбите се претставуваат археолошки, туристички, правни,историски, јазични истражувања и анализи, во зависност од пријавените учесници.
На чело на Пелагонските културно научни средби е д-р Весна Калпаковска.
На Средбите се доделуваат следните награди: за животно дело која оваа година му припадна на Петар Ставрев, златен клас за македонски вознесѝ на Соња Лозановска, наградата „Панде Манојлов“ на Лили Бошевска и наградата повелба за животно дело на Владе Ганчевски.
0 Comments