Се гради пешачка патека од потегот на влезот во село Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци
Направен е увид на градежните работи каде во моментот се изведува пешачка патека од потегот на влезот во село Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци. Ова е едно мое предизборно ветување кое веќе се реализира.
Вкупната должина на пешачката патека е 1440 метри при што планирано е да содржи пешачка патека во должина од 378 метри која ќе биде поплочена, велосипедска патека од асфалт во должина од 660 метри и атлетска патека изработена од тартан во должина од 400 метри.
Вкупната вредност на проектот изнесува 12.8 милиони денари а средствата се обезбедени дел од Програмата за фосилни горива на Министерство за животна средина и просторно планирање а дел од Буџет на Општина Новаци.
Со проектот се планира изградба на гледалиште т.н отворена сцена и парапетен ѕид, смарт парк со урбана смарт опрема и скејт парк, како и поврзување на оваа пешачка патека со други два краци со вкупна должина од 345 метри.
0 Comments