Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Реновирани просториите на спортскиот клуб во Добромири

14961383_10154691022658988_361001601_n

Со средства од буџетот на општина Новаци комплетно се реновирани просториите на поранешниот спортски клуб во Добромири. Овој објект ќе го користат младите луѓе од ова населено место за разни активности.

„ Целосно е реновиран стариот објект каде порано беше сместен спортскиот клуб. Сменета е нова дограма, врати, направен е нов оџак, нова водоводна и електрична инсталација, нови внатрешни ѕидови, подни плочки, малтерисување, нов плафон од гипс таван, нова фасада и сл. Покрај самата просторија уреден е и дворот. Направена е патека од бехатон плочки, поставени се две клупи  пред објектот и сл. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

14962313_10154691022353988_1054744942_n

Инвестицијата ја чинеше општина Новаци 1,5 милион денари.

14914926_10154691022633988_1428406063_n

Back to top
Skip to content