Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА-ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА ЗА ПЕРИОД 2018-2019 ГОДИНА

Во изминатите 2 години локална власт континуирано се работи на подобрување на локалната патна инфраструктура .Благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта .

Од Буџетот на општина Новаци во изградба ,реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2018 и 2019 г издвоени се околу 10 милиони денари .

Од Буџетот на ЈП за државни патишта на РСМ за изградба на регионални патишта издвоени се 48 милиони денари .

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој издвоени се околу 24 милиони денари .

Од Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се 5.000.000 денари.

Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од 9 км со вкупна вредност од 36.000.000 денари .Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај .
Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од 3км и вредност од околу 12.000.000 денари .
Со 61.000.000 милион денари од Буџетот на ЈП за Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола –Новаци –Рек Битола), во должина од 12 км.
Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој асфалтиран е локалниот пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км и вкупна вредност од -18.901.948 денари , асфалтиран е и локаленниот пат Р511-Крстосница с.Старавина –с.Будимерци до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од 811,65 метри со вкупна вредност од -4.601.062 денари.
Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу 5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница со бехатон плочки со вкупна должина од 1200 метри .

Од Буџетот на општина Новаци за изгадба на локални улици по Програмата за изградба , реконструкција и одржување на локалните патишта и улици издвоени се околу 10 милиони денари и тоа за асфалтирање на нови локални улици во должина од 2500 метри и тоа во следните населени места –(с.Гермијан , с.Брод , с.Гнеотино до манастир Св.Стефан,с.Скочивир, с.Добровени ,с.Д.Агларци , с.Г.Агларци ,с.Новаци , с.Суводол до манастир Св.Никола ,с.Далбеговци , с.Бачи с.Живојно).

ОПШТИНА НОВАЦИ Е НА ПРАВ ПАТ!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content