Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва форумска сесија за планирање од програмата Форуми во заедницата-буџетски форум во Новаци

tnt_8257

Во присуство на седумдесеттина жители на општина Новаци, медиуми, општинската администрација предводена од градоначалникот Лазар Котевски и претставници на Советот се одржа првата форумска сесија во рамки на програмата „Форум во заедницата – буџетски форум“.

Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2017 година во  согласност на потребите  на жителите од оваа општина.Преку реализацијата на оваа програма, општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари.

„Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2017 година и општината ќе води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , патишта, водовод и канализација, развој на алтернативниот туризам, млади, спорт и кутлура.  “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

tnt_8252

Ова  е прва сесија од вкупно 3 што ќе се одржат  во рамките на програмата  „Форуми на заедницата – буџетски форум“ до крајот на оваа година.

Работната атмосфера започна со презентација за  тоа што значи форумскиот процес,за да продолжи со општа презентација за буџетот на општина Новаци а по паузата се продолжи со презентација на реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите во 2016 година, беа донесени и начелата за работа на форумот како и приоритетите за развој на општината за 2017 година.

„На денешната прва форумска сесија слушнавме доста интересни приоритети кои сакаме да бидат вклучени во буџетот на општината за 2017 година, изградба на базен, решавање на проблемот со загревањето во новата спортска сала и слично“ рече Васко Ристевски, учесник на форумот.

Градоначалникот Котевски преку презентација ги запозна жителите со сето она што е направено во 2016 година.Според зборовите на Котевски во Новаци, во 2016 година ќе се продолжи околу реализацијата на двата големи проекти, изградбата на системот за наводнување преку реката Црна и проектот за топлификација од РЕК.

Оваа година, општина Новаци Програмата „Форуми во заедницата-буџетски форум“ ја реализира самостојно како добра практика и ускуство од организирањето на истите претходните години.

Back to top
Skip to content