ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА НОВАЦИ И ОПШТИНА КОЛОМБЕЛ
На свечената седница која се одржа по повод празникот на општина Новаци се потпиша меморандум на соработка и разбирање помеѓу општина Новаци предводена од градоначалникот Кузманоски и општина Коломбел Р.Франција предводена од градоначалникот Марк Потје.
Во 2015 година , општина Коломбел ја започна својата соработка со општина Новаци во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Регионот Нормандија и Република Северна Македонија.Соработката помеѓу двете општини беше официјализирана на 11 ноември 2016 година . Градоначалникот Кузманоски одлучи да ја продолжи оваа соработка со активности и размени помеѓу двете општини.
Активностите во рамки на соработката се водат заеднички на тема историја и сеќавање на Првата светска војна и Македонскиот фронт како и на тема млади , култура и културно наследство, одржлив развој и локална демократија.
0 Comments